Економија

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ И ХОТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ВО ЕВРОПА, најскапо е во Швајцарија, а најевтино во Македонија

Швајцарија е најскапата земја за ресторани и хотели меѓу 37 европски земји. Стандардна кошничка од овие услуги таму чини 171 евро, што е за 71% повеќе од просекот во Еевропската Унија, според  најновите податоци на Евростат. Македонија е најевтина, со цени 50% пониски од просекот во ЕУ, или околу 50 евра.  Меѓу земјите-членки на ЕУ, Данска е најскапа, со стандардна кошничка од 148 евра, 48% над просекот во ЕУ. Бугарија е најевтина, со вкупна цена од 53 евра.

Просекот во Европската Унија е поставен на 100. Ова значи дека ако просечната цена на ресторанските и хотелските услуги во ЕУ е 100 евра, индексот покажува колку би чинело истата „кошничка“ услуги во секоја поединечна земја, пишува Еуроњуз.

Нордиските земји се генерално поскапи кога станува збор за ресторани и хотели, а западноевропските земји се исто така претежно над просекот. Ирска, Холандија, Белгија, Германија и Франција се на или над референтната вредност од 100.

Источна Европа и Балканот се значително под просекот на ЕУ. Во јужна Европа, Португалија, Шпанија и Грција се значително поевтини од просекот на ЕУ, додека Италија се издвојува како исклучок со повисоки цени.

Меѓу другите медитерански земји, Хрватска е блиску до просекот на ЕУ, додека Кипар и Малта се малку поевтини, но сепак поскапи од многу споредливи земји.

Кристоф Ѓоди, професор од Универзитетот во Варшава, нагласи дека е потребно да се земе предвид цената на работната сила.

„Бидејќи угостителскиот сектор е исклучително трудоинтензивен, разликите во платите меѓу земјите директно се одразуваат на цените на услугите. Други фактори, исто така, влијаат на цените, како што се трошоците за енергија и комунални услуги, ДДВ и други даноци, како и цените на комерцијалните недвижности“, изјави Ѓоди за Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано