Бизнис

ДРЖАВНА ИНВЕСТИЦИЈА ИЛИ ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО, за еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“

 

Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе се реализира проектот за „Чебрен“ и „Галиште“ - дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во буџетот. 

- Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но кога ќе ги погледнеме буџетот и капиталните инвестиции, ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра во пет години - тоа не е малку. Паралелно, има здравство, транспорт и други приоритети. Мислам дека во наредните еден-два месеца ќе имаме повеќе информации - изјави денеска Божиновска по прес-конференцијата, на која говореше за годишниот план за изградба на енергетски проекти за годинава.

Од Министерството за енергетика тврдат дека има заинтересирани инвеститори за овој проект. 


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано