Бизнис

ШПАНИЈА ОСТАНУВА ТРЕТА ТУРИСТИЧКА СИЛА ВО СВЕТОТ, лани ја посетиле рекорден број на туристи

Рекордни 96,8 милиони луѓе ја посетиле Шпанија во 2025 година, според податоците објавени денес од Националниот институт за статистика.

Бројот на туристи од странство се зголемил за 3,2 проценти во споредба со 2024 година, кога имало 94 милиони, пренесува Бета.

Шпанија е една од најпосетуваните дестинации во светот, каде што туризмот учествува со 12,6 проценти во бруто домашниот производ.

Според листата на Светскиот туристички барометар на Обединетите нации, Шпанија е на трето место меѓу земјите што заработуваат најмногу од туризмот, по Обединетото Кралство и Франција.

Приходите од странски посетители се зголемија за 6,8 проценти на 134,7 милијарди евра минатата година, во споредба со 126 милијарди евра во 2024 година, соопшти Министерството за туризам.

„Зголемувањето на бројот на туристи и нивното трошење ја исполнува целта за трансформирање на туристичкиот модел во поодржлив, базиран на давање приоритет на квалитетот пред квантитетот“, се вели во соопштението на министерството.

Околу 20,1 милиони туристи дојдоа во покраината Каталонија, што е за 0,6 проценти повеќе отколку во 2024 година. Следуваат Медитеранските и Канарските Острови.

Најголемиот дел од туристите доаѓаат од Обединетото Кралство (19 милиони), Франција (12,7 милиони) и Германија (12 милиони).


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО