Финансии / Банкарство
„Печатниците“ за лажни евра во Романија го полнат Балканот
04.02.2026
Најголемите количини на фалсификувани пари што стигнуваат до Балканот и земјите од Европската Унија доаѓаат од нелегални фабрики лоцирани на територијата на Романија, а криминалните групи вклучени во нивната понатамошна дистрибуција стекнуваат фалсификати по цена што е само дваесет проценти од вредноста на оригиналните пари. Така, на пример, 200.000 евра се плаќаат за еден милион евра лажни пари.
Во Романија, според РТЦГ, се изработуваат лажни евра, кувајтски динари и американски долари, додека најтешко за фалсификување е британската фунта.
Членовите на овие криминални групи сакаат да се претстават како Италијанци, Арапи, Грци, Чеси, а меѓу нив има и криминалци од поранешна Југославија.
Криминалците пребаруваат реклами во весници и интернет за недвижности, скапи автомобили, јахти, вреден накит, часовници, уметнички дела, па дури и коњи.
Местата за состаноци обично се градови на северот од Италија, а како „резервна опција“ криминалците користат и градови во Франција, земјите од Бенелукс или Шпанија, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис