Вести

Дневно има 500 прекршоци на територијата на која што функционира „Безбеден град“

Со воведувањето на за контрола на сообраќајот, бројот на сообраќајни незгоди е преполовен, а од почетокот на неговата официјална примена на 1 февруари нема жртви, посочи премиерот Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во Дневникот на Македонската радио телевизија. 

Оваа година, според Мицкоски, ќе биде година на воведување ред во сите општествени сфери вклучително и во сообраќајот. Мицкоски изрази уверување дека системот е одржлив и им се заблагодари на граѓаните што ги почитуваат правилата и возат побезбедно. Тој појасни дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје сега е помала отколку во минатото кога имало организирани акции на МВР.

– Фактите покажуваат дека со проектот се вози многу повнимателно, намален е бројот на сообраќајни прекршоци, надежта е дека оваа година ќе се намалат бројките на сообраќајни незгоди, што повлекува и повредени и загинати, а тоа беше практично и клучната цел на овој проект и на неговата имплементација, рече Мицкоски.

Споредувајќи ја сегашната состојба со минатото, тој појасни дека додека порано при организирани акции на МВР се констатирале околу 1.200 прекршоци, сега таа бројка на дневно ниво е под 500, што според него значи дека возачите ги почитуваат правилата.

– Во обичен ден, кога немаме организирана акција на Министерството за внатрешни работи, оние сообраќајни припадници на Министерството за внатрешни работи санкционираат меѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на град Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое што зборувам и кое што претставува редовна работна рутина на Министерството за внатрешни работи. Така што, само што е разликата: имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, тоа е преполовено, немаме жртви од почетокот на официјалната примена, зборувам во овој месец, од 1 февруари, заклучно со денеска, истакна премиерот.

Слична е состојбата и во другите градови и на коридорите опфатени со системот.

– Истото се случува и во Тетово и во Куманово. Дневно не се забележани повеќе од 20 до 30 сообраќајни прекршоци, нешто повеќе од 50 до 70 до 80 на коридорите каде што има инсталирано вакви камери, Коридорот 8 и Коридорот 10. Така што, сè на сè, генерално гледано, ние се движиме и до 500 прекршоци на територијата на која што функционира овој систем, рече Мицкоски.

Во однос на протестите и инцидентите поврзани со лица кои се противат на законските обврски за поседување возачка дозвола, премиерот беше дециден дека секое насилство и уништување на државен имот ќе биде санкционирано.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано