Бизнис

Храната во угостителството поскапа за 7,8 отсто, а на алкохолните пијалоци за 9,1 отсто

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 % во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4 %.

Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 %. 

Храната во угостителските објекти поскапела за 7,8 отсто, алкохолните пијалоци за 9,1 отсто, додека ноќевањата поевтиниле за 12,3 отсто во јануари 2026 во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано