Lifestyle
КАКО СО ПОМОШ НА ВИ ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ПОЕВТИН АВИОНСКИ БИЛЕТ, како билет од 1.260 долари може да „чини“ 118 долари
06.02.2026
Експерт за вештачка интелигенција разработил алатка за анализира илјадници комбинации од рути, датуми и аеродроми.
да ја намали цената на авионски билет од 1.260 долари на 118 долари. Eксперт за вештачка интелигенција, детално ја опиша методологијата со која успеала да ја намали цената на билетот и како што објаснува тој, не станува збор за изолиран „трик“, туку за структурирана постапка што ја користи способноста на вештачката интелигенција да испита огромен број можни комбинации.
Првиот чекор е да се промени логиката на барањето, односно наместо специфичен лет за специфичен датум, од вештачката интелигенција се бара да функционира како анализатор на цени и да ги испита сите можни опции помеѓу две пошироки географски области, без почетни ограничувања за аеродроми или авиокомпании.
Потоа, системот проверува алтернативни аеродроми и за поаѓање и за пристигнување. Изборот на близок град или секундарен аеродром може драстично да ја промени конечната цена, дури и ако бара дополнителен копнен превоз.
Клучна улога игра и сегментацијата на патувањето. Наместо еден повратен билет, вештачката интелигенција предлага одделни делови од рутата, често со различни авиокомпании или долги престои. Така се појавуваат тарифите што не се прикажуваат во класичните пребарувања.
Временската флексибилност е исто така клучна. Наместо да се поместуваат датумите за еден или два дена, вештачката интелигенција гледа во големи временски периоди на датуми и ги споредува ценовните обрасци во текот на цели недели, идентификувајќи кратки периоди со остри падови на цените.
За време на процесот, системот ги повторува и подобрува пребарувањата, отфрлајќи ги неефикасните комбинации и задржувајќи ги најповолните опции.
Но, вештачката интелигенција не купува билет. Наместо тоа, таа идентификува оптимални рути и цени, кои потоа се потврдуваат рачно на пребарувачите за летови или директно на веб-страниците на авиокомпаниите.
Методот не ги нарушува системите ниту се базира на „скриени“ цени. Се потпира на разбирање на тоа како функционираат алгоритмите за одредување цени и користење на вештачката интелигенција како алатка за анализа.
Главниот заклучок е дека вештачката интелигенција не ги прави авионските билети поевтини сама по себе, туку едноставно му помага на патникот да види опции што повеќето никогаш не би ги откриле, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис