Бизнис

БРАЗИЛ ОЧЕКУВА РЕКОРДНА БЕРБА НА КАФЕ ВО 2026 ГОДИНА

Бразил очекува рекордна берба на кафе во 2026 година благодарение на поволните временски услови. Државниот орган за храна Конаб, проценува дека бразилските производители треба да произведат 66,2 милиони вреќи кафе од 60 килограми во 2026 година, што е за 17,1 процент повеќе отколку во 2025 година.

Тоа би значело дека производството оваа година ќе го надмине рекордот од 63,1 милиони вреќи произведени во 2020 година.

Се очекува производството на сортата Арабика да се зголеми за повеќе од 20 проценти, на 44,1 милиони вреќи, пресметаа тие во извештај објавен во четврток. Поблаг пораст се очекува за сортата Робуста, за 6,4 проценти, на 22,1 милиони вреќи.

- Продуктивноста се подобри благодарение на поповолните временски услови во текот на целиот циклус на земјоделските култури, заедно со усвојувањето на технологии и добри практики за управување на полињата, информираат од Конаб.

Се очекува приносите на кафе да се зголемат за 12,4 проценти на 34,2 вреќи по хектар, покажува извештајот на администрацијата на Бразил. Министерството за земјоделство на САД прогнозира дека глобалната потрошувачка на кафе во тековниот циклус ќе достигне рекордни 173,9 милиони вреќи, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано