Бизнис
Се продаде прилепската фабрика која е последна на листата на загубари
07.02.2026
- За 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ кој е и последен на листата на загубари во земјава. Како инвеститори се јавија полска фирма „FHR ARMORL LOGISTIKS Sp z.o.o. и македонска компанија, „Футура мода Д&А ДООЕЛ - Скопје“. „Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај, пишува МИА.
„Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај. течајниот судија во прилепскиот суд Јасмина Шишковска го прифати нивниот план за реорганизација на „Еурокомпозит“ со што конечно е продадена наменската фабрика. Првата рата доверителите веќе ја добија.
- Сумата од 4 милиони и 200 000 евра е всушност 65 проценти од вкупните побарувања на доверителите. Тие се согласија со понудената сума и со планот за реорганизација на фабриката. Инвеститорот парите ќе ги уплаќа на 4 рати на крајот на секоја наредна година. Првата рата од еден милион евра веќе им е исплатена на доверителите кон крајот на декември. До целосно исплаќање на парите, новите инвеститори се корисници, а тогаш ќе бидат и целосни сопственици на фабриката, објаснува стечајниот судија Шишковска.
Меѓу доверителите се Стопанска банка од Битола како најголем зашто имотот беше под хипотека во банката, потоа УЈП, МВР, Министерството за одбрана, а доверители се и поранешните вработеникон кои фабриката имаше недоисплатени обврски.
Според планот, ќе се ангажираат од 150 до 200 работници. Веќе се преземени и првите чекори со промени на инсталации во Фабриката. Поранешните вработени се малку скептични, но ќе се чека на рестартирањето.
- Фабриката не е баш во многу добра состојба сега. Откако отиде во стечај многу работи, велат, ги нема. Наводно, новите сопственици почнале да ја менуваат инсталацијата на водата, струјата, има веќе и ангажирани наши поранешни вработени. Неофицијално се говори дека ќе се произведуваат панцири, шлемови, а и дронови. Но, времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите и како конечно ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија, едиствен во Македонија, вели поранешниот вработен во „Еурокомпозит“, Цветан Бунтески, пишува МИА.
Фото МИА