Бизнис

ПРЕСЕЛУВАЊЕТО НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЧИПОВИ ВО САД Е „НЕИЗВОДЛИВО“, ова е ставот на официјалните претставници на Тајван

Невозможно е  да се преместат 40 отсто од капацитетите за производство на полупроводници од Тајван во САД, изјави главниот преговарач од тајванската страна со што ги оспори  неодамнешните коментари на американските претставници кои повикуваат на голема промена во производството.

Во интервју за телевизискиот канал CTS на Тајван, вицепремиерката на Тајван, Ченг Ли-чиун, рече дека јасно му ставила до знаење на Вашингтон дека полупроводничкиот екосистем на Тајван, изграден со децении, не може да се премести.

Овој производен систем ќе продолжи да расте во Тајван, рече Ченг, додавајќи дека полупроводничката индустрија ќе продолжи да инвестира дома.

„Но, можеме да го прошириме нашето присуство во САД“, додала таа.

Во вторник, американскиот министер за трговија Хауард Лутник изјави дека владата треба да го донесе производството на полупроводници во САД.

Тајван и САД постигнаа договор минатиот месец за намалување на царините за извоз на островот од 20% на 15% и за зголемување на инвестициите на Тајван во земјата.

Ченг рече дека нема да има преместување на научните паркови на Тајван, но дека Тајван е подготвен да го сподели своето искуство во градењето индустриски кластер и да им помогне на САД да развијат слична средина, пренесува Сеебиз.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано