Бизнис

ЕУ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА МЛАДИ И АМБИЦИОЗНИ РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТА ДО 6.758 ЕВРА, се очекува да аплицираат 50000 лица од нив 1200 ќе добијат понуда за работа

По седумгодишна пауза, Европската Унија го рестартира својот престижен натпревар за регрутирање за да пронајде нова генерација високи администратори кои ќе ја водат втората најголема економија во светот.

Европската комисија го користи овој процес на селекција за да донесе свежа крв во администрацијата на Брисел, а на кандидатите кои ќе го положат тестот ќе им биде понудена висока плата и сигурна работа.

Успешните кандидати ќе бидат вработени на позиции на ниво „AD-5“, со месечна плата од 5.973 до 6.758 евра. Тие исто така ќе имаат можност да напредуваат во бирократијата и да преземат влијателни улоги во канцелариите на комесарите и во  елитни тимови  како советници кои помагаат во обликувањето на клучните политики.

Конкурсот за општи дипломирани студенти, кој го спроведува Европската канцеларија за селекција на персонал (EPSO), ќе  трае до 10 март, објавува Политико.

Процесот на селекција вклучува психометриско тестирање, тест за познавање на ЕУ и есеј за оние кои ќе ги поминат почетните фази.

Службениците на Комисијата велат дека претседателката Урсула фон дер Лајен го поставила како приоритет да им даде можност на помладите, амбициозни вработени да напредуваат во институција која историски имала ригидна хиерархија.

„Многу е важно да се привлечат помлади, талентирани луѓе со поинаков начин на размислување“, рече висок функционер кој побара да не биде именуван.

Според портпаролот на Комисијата, паузата од седум години се должи на преминот кон целосно онлајн тестирање. Елиминирањето на фазата на оценување во тест центрите „исто така го намали вкупното времетраење на натпреварите на EPSO“.

Повеќе од 33.000 вработени во Комисијата моментално работат со релативно несигурни, краткорочни договори или како агенциски работници. Ова значи помалку бенефиции, пониска нето плата и значително помала сигурност за во иднина.

Се проценува дека околу 1.200 кандидати, од повеќе од 50.000 кои би можеле да аплицираат, ќе добијат директна понуда за работа. Останатите ќе бидат ставени на резервен список, од кој „само околу 30 проценти од нив всушност ќе добијат понуда за работа“, пренесува Пословни дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО