Економија

ШПАНИЈА САКА ДА ПРИМИ ОКОЛУ 500.000 МИГРАНТИ, БРИСЕЛ СО ОСТРИ КРИТИКИ

Одлуката на шпанската влада да го регулира статусот на околу 500.000 мигранти кои не  поседуваат легални документи предизвика остри критики во Брисел, изјавија претставници на ЕУ за „Еуроњуз“.Европската комисија изрази длабока загриженост дека овој потег би можел да биде спротивен на сегашната политика на ЕУ.

Новата регулатива, објавена кон крајот на јануари, се однесува на лица кои влегле во Шпанија пред 31 декември 2025 година. За да имаат право на регулирање, мигрантите мора да докажат дека живееле во Шпанија најмалку пет месеци или поднеле барање за азил пред крајот на 2025 година.

Според новите правила, ќе им биде доделена едногодишна дозвола за престој и право да работат во кој било сектор низ целата земја. Министерката за миграција, Елма Саиз, изјави за шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE дека целта на владата е да го поттикне „економскиот раст и социјалната кохезија“.

Потегот на владата на премиерот Педро Санчез наиде на неодобрување во Брисел. „Тоа не е во согласност со духот на Европската Унија за миграција“, изјави еден функционер на ЕУ за „Еуроњуз“.

Според извори во Брисел, една од главните загрижености е дека мигрантите со новиот статус би можеле да патуваат низ Европа до 90 дена во период од 180 дена. Постојат стравувања дека некои од нив би можеле да се обидат да се населат во други земји од ЕУ без дозвола, пренесува Индекс.хр.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО