Бизнис

АЕРОДРОМОТ ВО ДУБАИ ИСКОРИСТЕН ДО „ГРАНИЦАТА НА КАПАЦИТЕТОТ“, рекорден број на патници во 2025 година

Аеродромот во Дубаи објави дека регистрирал рекордни 95,2 милиони патници во 2025 година, што претставува раст од 3,1 процент во споредба со претходната година.

Операторот нагласи дека сообраќајот бил „на границата на капацитетот“, што покажува постојан притисок врз инфраструктурата на аеродромот. пренесува  Бизнис.ба.

Декември беше најпрометниот месец со 8,7 милиони патници, што претставува месечен рекорд, се додава во извештајот.

Дубаи претходно беше рангиран на прво место во светот по меѓународен сообраќај во 2024 година, додека беше на второ место по вкупен број патници, веднаш зад Атланта во САД, според податоците од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано