Економија
Средба на министерот Сали со директорот на УНДП: Заеднички фокус на реформите, локалниот развој и зелената транзиција
12.02.2026г
Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григоријан, посветена на тековната соработка и идните приоритети во поддршката на реформските процеси, соопшти Министерството за европски прашања.
Во разговорот била истакната улогата на УНДП како еден од најзначајните партнери во спроведувањето проекти насочени кон локалниот развој, социјалната инклузија, борбата против корупцијата и заштитата на животната средина.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата за спроведување на реформската агенда и забрзување на европската интеграција со фокус на владеењето на правото, јавната администрација и јакнењето на институционалните капацитети.
Соговорниците разговарале за усогласувањето на активностите на УНДП со националните приоритети и европската агенда, како и за можностите за натамошно унапредување на донаторската координација и заедничките иницијативи во клучни области.