Бизнис

ВО ДЕКЕМВРИ СО ГОЛЕМ ПАД НА БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, за изградба се предвидени 411 станови

Бројот на одобренијата за градење во декември 2025 година е намален за 17,4 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2025 година се издадени 237 одобренија за градење, што е за 17,4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             3 988 378 илјади денари, што е за 19,5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 140 (59,1 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 55 (23,2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 237 објекти, на 132 (55,7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (44.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 411 станови со вкупна корисна површина од   38 300 м2.

Главни поенти

Во  декември 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење,  140 , се издадени за високоградба 
  • Во Скопскиот и Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 51 
  • За изградба се предвидени 411 станови
    Фото Економија и бизнис

ПРЕПОРАЧАНО