Економија

ЕКОНОМИЈАТА НА ЕВРОЗОНАТА СО КВАРТАЛЕН РАСТ ОД 0,3 ПРОЦЕНТИ, најголем пад забележа Романија

Економијата на еврозоната порасна за 0,3 проценти во четвртиот квартал од минатата година, потврдувајќи ги прелиминарните проценки, според податоците објавени од Евростат.

На ниво на целата Европска Унија, бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,3 проценти во истиот период. Меѓу земјите-членки, Литванија забележа најбрз квартален раст, со БДП зголемен за 1,7 проценти. По неа следуваат Кипар со раст од 1,4 и Полска со раст од еден процент.

Најголем пад забележа Романија, чија економија во периодот од октомври до декември се намали за 1,9 проценти, додека Ирска имаше пад од 0,6 проценти.

На годишна основа, економијата на еврозоната порасна за 1,3 проценти, додека растот во целата Европска унија изнесуваше 1,5 проценти.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано