Финансии / Банкарство
АМЕРИКАНСКИТЕ ФИРМИ И ПОТРОШУВАЧИ ГИ ПОКРИВААТ 90 ОТСТО ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП, просечното зголемување на даночниот товар е околу 1.000 долари по домаќинство
15.02.2026
Новиот извештај од Федералните резерви на Њујорк го потврдува ставот на економистите дека товарот на царините речиси целосно го носат граѓаните и компаниите на САД.
Според податоците од оваа институција, во текот на 2025 година, американските компании и потрошувачи ги „платиле“ речиси 90 проценти од вкупните трошоци за увозни царини. Претходно и Националното биро за економски истражувања, како и Конгресната канцеларија за буџет, дојдоа до слични резултати претходно, објавува CNN.
Иако извештајот од филијалата на Федералните резерви во Њујорк не ја специфицира точната распределба помеѓу компаниите и потрошувачите, анализата на Конгресната канцеларија проценува дека компаниите донекаде ќе ги намалат своите маржи на профит за да го ублажат ударот, но дека најголемиот дел од трошоците, околу 70 проценти, сепак ќе бидат префрлени на крајните клиенти преку повисоки цени. Се проценува дека странските извозници, за кои претседателот на САД Доналд Трамп тврди дека ќе го сносат поголемиот дел од трошоците, придонесуваат само околу пет проценти.
Конкретно, царините би значеле просечно зголемување на даночниот товар од околу 1.000 долари по домаќинство во 2025 година, според непартиската Даночна фондација. Ова значи дека просечното американско семејство индиректно платило значителен дополнителен трошок преку поскапи стоки.
Извештајот за работни места во јануари покажа зголемување од 130.000 нови работни места, речиси двојно повеќе од очекувањата. Сепак, речиси целиот раст дојде од здравствениот сектор, додека другите сектори забележаа минимален напредок или пад. Во текот на целата 2025 година, дури 97 проценти од вкупниот раст на вработеноста дојде од областа на здравството и социјалната заштита, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис