Бизнис
АВИОКОМПАНИИТЕ ЗА ЛЕТНАТА СЕЗОНА ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ДОЛГО ЧЕКАЊЕ ОД „ПЕТ ДО ШЕСТ ЧАСА“, постепената имплементација на биометрискиот систем EES го зголемила времето за обработка на границата до 70 проценти
16.02.2026
Проширувањето на системот за биометриска контрола на патниците кои патуваат во земјите од Европската Унија неизбежно ќе доведе до многу посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите, предупреди генералниот директор на ACI Europe, Оливие Јанковец.
Јанковец неодамна изјави за BBC дека можноста за паузирање на EES ова лето ќе биде од клучно значење ако „ситуацијата на граничната контрола стане неодржлива“.
Без таа флексибилност, и доколку не се подобрат проблемите поврзани со технологијата и бројот на гранични службеници, тој предупреди дека може да има доцнења од пет до шест часа.
Европските организации за воздухопловство повикаа на итно решение за „критичните проблеми“ одговорни за сегашните доцнења.
- Доколку не се преземат итни мерки за да се обезбеди доволна флексибилност, сериозните прекини за време на шпицот на летната сезона се реална можност, со редици што достигнуваат четири часа или повеќе, се наведува возаедничко писмо од ACI Europe, Airlines for Europe (A4E) и Меѓународното здружение за воздушен транспорт (IATA).Новите гранични проверки веќе предизвикуваат проблеми за патниците, кои пријавуваат долги редици додека се движат низ процедурите за обработка за прв пат. Во некои случаи, доцнењата доведоа до пропуштени летови.
Извештај објавен кон крајот на минатата година од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) Европа покажа дека постепената имплементација на биометрискиот систем го зголемила времето за обработка на границата до 70 проценти, со чекање до три часа во периоди на зголемен сообраќај.
Во декември, аеродромот во Лисабон беше принуден да го суспендира EES за три месеци откако „сериозните неправилности“ на граничната контрола доведоа до прекумерно време на чекање, наводно дури седум часа.
Од 10 април 2026 година, земјите-членки ќе бидат обврзани да ја имплементираат EES технологијата на сите гранични премини и да ги регистрираат сите државјани на трети земји што влегуваат во земјата.
Сепак, по тој датум, земјите-членки сè уште ќе можат делумно да го суспендираат работењето на EES системот каде што е потребно, за дополнителен период од 90 дена, со можно продолжување од 60 дена за да го опфатат летниот период на зголемен сообраќај, пренесува Курир.
Фото Економија и бизнис