Општество
Настов: Јавното здравство е на европско ниво, но системот мора да функционира како целина
19.02.2026г
Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, доктор Небојша Настов, во интервју за Економија и бизнис, оценува дека квалитетот на здравствените услуги во земјава е на највисоко европско и светско ниво, но нагласува дека системот мора да функционира како целина за да нема застои и турканици.
Тој посочува дека здравствениот систем е поставен на три нивоа – примарно, секундарно и терцијарно – но проблем настанува кога пациентите ги прескокнуваат матичните лекари и директно бараат услуги на клиниките во Скопје, што создава притисок врз терцијарното здравство.
„Инвестирањето во инфраструктура, опрема и едукација дава резултати, но мора да се смени и менталитетот за одржување на она што е веќе направено“, вели Настов.
Како најголем кадровски предизвик го издвојува недостигот од медицински сестри, оценувајќи дека решението е системско – преку засилување на средното медицинско образование и создавање услови за задржување на кадарот во земјава.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ