Економија
ОД ВТОРНИК ТРАМП ВОВЕДУВА НОВИ ГЛОБАЛНИ ЦАРИНИ, дел од европската бизнис заедница се плаши од „економски бумеранг“
21.02.2026
Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп како неуставни, но администрацијата веќе воведува нов глобален данок од 10% уште во вторник за да ја заобиколи пресудата и да ги задржи приходите. Следува правна битка за враќање на милијарди долари.
Претседателот на САД не се откажува и синоќа п објави на својата платформа Truth Social дека е „голема чест“ да ја потпише наредбата за воведување привремени царини од 10 проценти за глобалниот увоз, кои ќе стапат на сила „речиси веднаш“. Трамп потврди дека Канада и Мексико ќе бидат ослободени од новите глобални царини.
Новите царини официјално ќе бидат воведени од полноќ на 24 февруари и ќе траат 150 дена. Тие се засноваат на член 122 од Законот за трговија од 1974 година. За разлика од некои други опции што му се достапни на претседателот, овој закон не бара истраги ниту наметнува дополнителни процедурални ограничувања.
Сепак, ако царините треба да се продолжат над 150 дена, мерките од Член 122 ќе бараат одобрение од Конгресот.
Одлуката на Врховниот суд на САД да поништи дел од глобалните тарифи наметнати од Доналд Трамп предизвика бран различни реакции во Европа. Иако првично беше пречекана како олеснување и сигнал за можна стабилизација на трговските односи, наскоро меѓу европските бизнисмени преовлада повнимателна интерпретација. Стравот дека укинувањето на тарифите може да произведе нова рунда неизвесност и дополнителни потреси на глобалниот пазар.
Дел од европската бизнис заедница се плаши од „економски бумеранг“. Како што предупредуваат претставници на неколку индустриски сектори, укинувањето на тарифите што беа воведени со повикување на Законот за управување со вонредни состојби не мора да донесе појасна слика за идната американска трговска политика, туку отвора нова фаза на правна и регулаторна неизвесност.
На 20 февруари, Врховниот суд пресуди дека претседателот Трамп ги пречекорил своите овластувања кога, повикувајќи се на законот за вонредни состојби, вовел таканаречени „реципрочни“ тарифи за повеќето земји. Пресудата вклучуваше значаен дел од мерките што администрацијата ги воведе во обид да ги редефинира трговските односи на САД со партнерите ширум светот, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис