Бизнис

ХРВАТСКА ЌЕ ГРАДИ 20.000 МИКРО-СТАНОВИ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАПНО ДОМУВАЊЕ, овие „јапонските“ станови се наменети за лица до 30 години

Хрватската држава планира да изгради и реновира 20.000 станови до 2030 година и со тоа да обезбеди попристапно домување. Малите станови би биле наменети за лица до 30 години за период о две години до максимум шест години. За едно лице, големината на микростанот би била 18, а за две лица е предвидена станбена површина од 26 квадратни метри.

Вицепремиерот и министер за просторно планирање, градежништво и државен имот Бранко Бачиќ во настапот за RTL, информираше дека ќе се обезбеди прифатлива кирија за хрватските граѓани, особено за младите по завршувањето на факултетот.

-Тоа е привремено решение додека не ги стекнат условите за поголем стан. Вкупните трошоци за кирија заедно со комуналиите не можат да надминат 30 проценти од приходот на закупецот. Престојот е планиран до четири години, а во исклучителни случаи и до шест, но тоа се ретки случаи. Целта е прифатливата кирија да биде таква што ќе му обезбеди на закупецот исклучително поволна цена додека не ги стекне условите за преселба во поголеми станбени единици, без разлика дали се за изнајмување или купување, во тој случај ќе има предност според законот - рече Бачиќ.

Цената зависи од приходот на закупецот. Под никакви околности цената на прифатливо домување, заедно со режиските трошоци, не може да надмине 30 проценти од неговиот приход.

Престојот во вакви станови е планиран до четири години, по исклучок до шест. Идејата, вели министерот, е да им се обезбеди на младите луѓе поволен почеток и да се олесни преминот кон поголем изнајмување или купување, каде што ќе имаат законска предност.

Бачиќ ја отфрла идејата за копирање на јапонскиот модел. Тој објаснува дека државата веќе има два поранешни хотели за самци, во Риека и Сплит, но поради ограничувањата во урбанистичкото планирање, не е можно да се пренаменат поинаку, пренесуваат медиумите во Хрватска.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано