Бизнис

ВО СРБИЈА НАЈМНОГУ СЕ БАРААТ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА ДО 5.000 ЕВРА, возилата со дизел мотори, сочинуваат 59 проценти од вкупната продажба на увезени половни автомобили

Во Србија има повеќе од 400 автомобили на 1.000 жители. Пазарот на половни автомобили во земјаta минатата година забележа раст.  Во 2025  година беа увезени 144.000 возила. Oд анкетата спроведена од веб-страницата за „половни автомобили“, може да се види дека најголема побарувачка има за автомобили до 5000 евра.

Продажбата на увезени половни автомобили во Србија во 2025 година се зголеми за речиси девет проценти во споредба со 2024 година, додека просечните цени на половни автомобили беа во просек за пет проценти повисоки од претходната година.

Растот од речиси девет проценти претставува продолжување на закрепнувањето што започна во 2024 година, но и јасен сигнал дека пазарот на половни автомобили во Србија се стабилизирал и влегол во фаза на посилен раст.

Возилата со дизел мотори,  сочинуваат 59 проценти од вкупната продажба на увезени половни автомобили. Бензинските возила учествуваат со 33 проценти, додека хибридните возила учествуваат со нешто повеќе од четири проценти од вкупната продажба.

Другите видови погони сочинуваат занемарлив дел од пазарот, што уште еднаш потврдува дека интересот за електрични половни автомобили е сè уште многу низок, пренесува РТВ.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано