Општество

Плазма спортските игри за деца стануваат дел од нашата држава

Северна Македонија станува дел од Плазма спортските аматерски игри за деца коишто во изминатите години обединија повеќе од два ипол милиони деца од неколку држави. Најдобрите ќе бидат дел од финалните натпревари што ќе се одржат во август годинава во Сплит. 

Иницијативата трае веќе 27 години, а во неа се вклучени деца од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. Целта е да се почувствува вистинската вредност на спортот и преку него децата да се учат на вистинските вредности во животот. 

На денешното потпишување на договорот меѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ и Федерацијата на училишни спортови присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски. 

- За првпат сме во Македонија и веруваме дека ова ќе биде чекор напред. Сакам да ги повикам децата да учествуваат и преку спортот да запознаат многу пријатели. Најдобрите ги очекуваме на најдоброто финале во Сплит, рече претседателот на Плазма спортските игри, Здравко Мариќ.

Според премиерот Мицкоски, со ваквиот чекор земјава прави синегрија меѓу младите и спортот. 

- Важно е да ги научиме младите дека иднината е во нив. Можам да зборувам како неуспешен спортист, но спортот остана секогаш во мене и затоа како Влада за првпат формиравме Министерство за спорт. Мислам дека полека, но сигурно ги поминуваме успешно првичните предизвици и почнуваме да функционираме, рече Мицкоски, говорејќи за себе како кошаркар, кој животот го насочува кон поинаква патека. 


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано