Вести
Под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“, утре во Скопје ќе се одржи Седмиот симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество
27.02.2026г
Годинашниот симпозиум се одржува под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“, испраќајќи порака дека современата естетска медицина е интегрален дел од целокупното здравје за пациентот.
Симпозиумот претставува најголем и најрелевантен стручен настан од оваа област во земјава, на кој учествуваат специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, дерматологија и други сродни медицински гранки. Настанот има за цел континуирана медицинска едукација, размена на клинички искуства и унапредување на стандардите за безбедност и квалитет во естетската медицина.
Како предавачи учествуваат врвни домашни и странски експерти
Естетската медицина денес не е само прашање на изглед, туку сериозна медицинска дисциплина која опфаќа реконструктивни и регенеративни пристапи, третман на посттрауматски состојби, лузни и компликации од различни интервенции. Таа директно придонесува кон подобрување на физичкото и психолошкото здравје на пациентите.
Во рамки на програмата ќе се одржат стручни предавања, клинички презентации, дискусии и практични hands-on работилници.
За повеќе информации: www.zem.mk, zem.zdruzenie@gmail.com 070235868 / 075455140