Економија

Индиската економија останува најбрзо растечка во светот

Економијата на Индија порасна за 7,8% во четвртиот квартал од 2025 година, а новите податоци доаѓаат по промената во методологијата за пресметка на БДП. Според новата процена за финансиската 2026 година, растот на индиската економија  е зголемен од 7,4% на 7,6%.

Во јануари индиското министерство за статистика воведе промени во пресметката на БДП, инфлацијата и индустриското производство. Целта е да се зајакне квалитетот на податоците и нивната релевантност за економската политика.

Растот на индиската економија се потпира на силна домашна потрошувачка и инвестиции. Приватната потрошувачка и бруто инвестициите се зголемија за повеќе од 7% во тековната финансиска година. Производствениот сектор останува главен двигател на економскиот раст.

Меѓународниот монетарен фонд претходно изрази загриженост за квалитетот на статистиката. Во извештајот  додели оценка „C“ на податоците од Индија. ММФ ја наведе застарената основна година и методологијата за пресметување на инфлацијата.

Индиската економија останува најбрзо растечка меѓу главните економии во светот. Ревидираната методологија сугерира дека измерената стапка на раст може да биде поголема на долг рок. Доколку се одржат силната потрошувачка и индустриското производство, економијата на Индија би можела да продолжи да го надминува глобалниот просек и покрај трговските предизвици, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано