Економија

Најголеми добитници на Македонската берза – месечен извештај – февруари 2026г

Во вориот месец од годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 6,39 милиони евра, што претставува зголемување од 1,48 % во однос на првиот месец од 2026 година.

Овој промет беше остварен со 1 470 трансакции со кои се истргуваа вкупно 50 024 акции и 97 374 обврзници.

Најголеми добитници во февруари 2026 година се имателите на акции на РЖ Техничка контрола Скопје, Жито Лукс Скопје, Македонски Телеком Скопје, ОКТА Скопје и НЛБ Банка АД Скопје. Цената на нивните акции се зголеми за 16,56 %, 9,17 %, 8,7 %, 4,17 и 2,68 % соодветно.

Најголеми губитници во февруари се имателите на акции на Адинг Скопје, Стопанска банка Скопје и Макстил Скопје. Нивните акции се намалија за 5.59 %, 4.91 % и 2.4 % соодветвно. Во топ 5 акции со намалена вредност се и акциите на Гранит Скопје (- 2.2 %) и Реплек Скопје (- 1.23 %).

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано