Економија

Царинска управа: во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

За 778,3 милиони денари или 7,7% е зголемена наплатата на приходи во февруари, период во кој Царинската управа наплати вкупно 10,8 милијарди денари. Притоа раст во наплатата е забележан по сите основи – наплатата на приходи од царина бележи раст од 8,9 проценти, од акциза 8 проценти, додека наплатата на приходите од ДДВ при увоз бележи раст од 3,9 проценти. Зголемената наплата значи повеќе средства за јавни добра кои ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура.

Царинската управа ќе продолжи со мерки за зголемување на ефикасноста и обезбедување стабилен раст на буџетските приходи, велат од Царина.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано