Бизнис
Endurance Mindset® – Лидерство под притисок со Alexandra Panayotou во организација на М6
03.03.2026г
На 12 март 2026 година (четврток), во малата сала на Македонската филхармонија, М6 Едукативен Центар организира ексклузивен тренинг и настан со меѓународно признатата експертка за лидерство, TEDx говорник и стратегиски советник, Alexandra Panayotou на тема „Менталитетот на издржливост за отпорност, енергија и храбри одлуки“
Во време на постојана неизвесност, брзи промени и зголемен притисок, вистинското лидерство не се мери само со резултати – туку со способноста да се остане стабилен, фокусиран и храбар кога одлуките се најтешки.
Токму тоа е суштината на концептот Endurance Mindset® – пристап кој ги обединува психологијата, филозофијата и практичните стратегии за управување со притисок, енергија и комплексност.
На овој уникатен настан во живо, учесниците ќе научат:
- - Како да изградат издржливост под притисок
- - Како стратешки да управуваат со сопствената енергија
- - Како да носат тешки одлуки со јасност и самодоверба
- - Како да постават принципи и граници кои ги штитат нивните стандарди
- - Како да се соочат со стравот и сепак да продолжат напред
Овој настан е особено релевантен за лидери, менаџери и професионалци кои се движат низ светот на високи очекувања и одговорности.
Кога светот не нуди сигурност, најважно е да ја изградиме силата во себе.
М6 Едукативен Центар, во рамки на својата мисија за трансформација на индивидуи и организации, продолжува да носи врвни светски експерти со цел развој на отпорно, одговорно и визионерско лидерство во Македонија и регионот.
Оваа активност е ко-финансисана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@mk, имплементиран од Хелветас.
✨ Специјална понуда – Месец на жената
Специјална цена: 6.200 денари за сите кои ќе се пријават до 09.03.2026
Бројот на места е ограничен.
Повеќе информации и регистрација:
🌐 https://m6.edu.mk/the-endurance-mindset-for-sustainable-leadership-under-pressure/