Општество
Oтворeна манифестацијата „Кичево - Град на културата 2026“, гостување со хит претставата „Кец на десетка од МНТ
05.03.2026
Oтворeна манифестацијата „Кичево - Град на културата 2026“, гостување со хит претставата „Кец на десетка од МНТ
Со изведбата на „Кец на десетка“ на Македонскиот народен театар во Домот на културата Кичево, вечер свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.
-Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата пред домашната и регионалната публика, информираат од МНТ.
Со гостувањето на „Кец на десетка“, театарската уметност, велат оттаму, станува првиот гласник на оваа целогодишна прослава на културата и најавува година исполнета со разновидно живо творештво.
Фото: МНТ