Економија
ИЗВОЗОТ ВО ЈАНУАРИ БЕЛЕЖИ НАМАЛУВАЊЕ, пад на надворешнотрговската размена во јануари
06.03.2026
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2026 година, изнесувала 530,7 милиони евра и бележи пад од 8.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесувала 794,9 милиони евра, што е за 6.4 % помалку од јануари 2024 година, соопшти Државниот завод за статситика. Извозот изразен во евра во јануари годинава изнесува 578,8 милиони евра и е намален за 8,73 отсто во однос на истиот месец лани.
Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.
Во јануари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 52,0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57,1 % во вкупната размена.
Фото Економија и бизнис