Економија

НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ ВО ЕУ СЕ НАЈРАНЛИВИ ОД ПРЕКИНОТ НА ИСПОРАКАТА НА ПРИРОДЕН ГАС ОД КАТАР, резервите на гас во ЕУ се пополнети на 30 отсто

Резервите на гас во Европската Унија се околу 30 отсто, со што земјите од ЕУ влегуваат во критичен период за надополнување на залихите пред следната зима,  предупредуваат од  Гасната инфраструктура Европа (GIE).

Европската комисија во среда свика групи за итна координација и изјави дека испораките на течен природен гас (LNG) од САД, кои сега го сочинуваат најголемиот дел од увозот, заедно со норвешкиот гасоводен гас, засега ја одржуваат стабилноста на снабдувањето, објавува Еуроњуз.

Некои земји од ЕУ се особено ранливи на прекини, или затоа што се големи увозници на LNG, се потпираат многу на снабдувањето од Катар или имаат невообичаено ниски резерви.

Во 2025 година ЕУ увезла над 140 милијарди кубни метри течен природен гас. САД беа најголемиот снабдувач на LNG  во ЕУ, со учество од речиси 58% од вкупниот увоз на гас. Најголемите увозници на LNG  во ЕУ се Франција, Шпанија, Италија, Холандија и Белгија. Од петте земји, Италија и Белгија се соочуваат со најголем притисок поради нивната поголема зависност од катарските резерви.

Според аналитичарите, Катар учествувал со околу 30% од увозот на LNG во Италија и 8% од увозот на Белгија минатата година. Додека Франција и Шпанија, на пример, имаат посилен пристап до норвешките резерви меѓу другите добавувачи.

Иако Полска не е меѓу петте најголеми увозници на ЛНГ во ЕУ, 17% од нејзиниот увоз на гас доаѓа од Катар во 2025 година, што значи дека земјата се соочува со сличен предизвик на зависност.

Белгија би можела да се соочи со најголемиот проблем во однос на нивоата на резерви. Складирањето на гас во земјата е околу 25,5%, под просекот на ЕУ од 30%, што дополнително ги комплицира напорите за замена на катарските количини.

Италија и Полска, исто така, имаат значителна изложеност на катарскиот течен природен гас, иако нивните нивоа на складирање се релативно повисоки, од 47% и 50% соодветно.

Севкупно, овие земји веројатно ќе бидат повеќе изложени на нестабилност на цените бидејќи се натпреваруваат за алтернативни товари на глобалниот спот пазар, пренесува Еуроњуз. 


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано