Економија
ТРАМП ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА НАФТАТА: Тоа е мала цена што треба да се плати за безбедноста и мирот
09.03.2026
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека зголемувањето на цените на нафтата, предизвикано од војната во Иран, е мала цена што треба да се плати за безбедноста и мирот во светот.
-Краткорочните цени на нафтата, кои брзо ќе паднат откако ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се многу мала цена што треба да се плати за безбедноста на САД, светот, безбедноста и мирот, изјавил Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Цената на нафтата се искачи на повеќе од 100 американски долари за барел во неделата, прв пат од почетокот на војната во Украина во 2022 година, објавуваат американските медиуми.
Според водечки аналитичари за истражување на сурова нафта во Кеплер, нафтата би можела да „скокне“ на 150 долари за барел до крајот на март ако не се обнови поморскиот транспорт низ теснецот не се обнови.
Иран се закани дека ќе нападне секој танкер за нафта што ќе помине низ Ормускиот теснец, низ кој транзитираат 20 проценти од светската нафта.
Белата куќа соопшти дека ќе работи на обезбедување поморска придружба за бродовите, но план не се појави, а превозните компании изјавија дека се двоумат да транзитираат низ регионот додека конфликтот продолжува.
По првичните напади во Иран на 28 февруари, просечната цена на бензинот во САД достигна 3,45 долари за галон во неделата, што е зголемување од 16 проценти во однос на претходната недела, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис