Економија
Акциите на Македонската берза во „црвено“ во првата недела од март
09.03.2026г
Неделен извештај за периодот од 02.03.2026 до 06.03.2026г.
Во првата недела од март на Македонската берза, некои акции останаа со непроменета вредност, но најголем дел се во „црвено“, односно нивната вредност е намалена.
Со непромена вредност во однос на претходната недела останаа акциите на Фершпед Скопје, Гранит Скопје, АЛТА банка АД Битола, Макстил Скопје, Тетекс Тетово, Витаминка Прилеп и Кристал 1923 АД Велес.
Најголемо пак намалување на вредноста имале акциите од банкарскиот сектор и тоа: Шпаркасе банка Македонија АД Скопје од 6,54 %, ТТК Банка АД Скопје од 4,73% , Стопанска банка Скопје од 2,98 % и НЛБ Банка АД Скопје од 2,52 %.
Со пад на цената се и акциите на Адинг Скопје, Македонски Телеком Скопје, Комерцијална банка Скопје итн. Нивната цена се намали за 1,89 %, 0,99 % и 0,53 % соодветно.

Во однос на прометот во периодот од 02.03.2026 до 06.03.2026г. на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 94,7 милиони денари или околу 1,53 милиони евра.
Истовремено беа реализирани и 2 блок трансакции со акциите на Алкалоид Скопје и Вардар Градско. Во првата се истргуваа 950 акции на Алкалоид Скопје по цена од 25 200 денари по акција, а во втората 328 937 акции на Вардар Градско по цена од 16 денари по акција.