Економија

ЗЕМЈИТЕ ОД Г7 ЌЕ ОСЛОБОДАТ ОГРОМНИ РЕЗЕРВИ ЗА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги повика членовите на Г7 координирано да пласираат нафта на пазарот од резервите за итни случаи, изјави јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама, при што САД проценуваат дека треба да бидат ослободени до 400 милиони барели.

Јапонскиот министер за финансии Сацуки Катајама на брифинг изјави дека Меѓународната агенција за енергија повика на координирано ослободување на стратешките резерви на нафта.

„ИЕА апелираше до секоја земја да ослободи дел од своите резерви на нафта на координиран начин“, рече Катајама, осврнувајќи се на состанокот на министрите за да се разговара за влијанието на војната со Иран врз пазарите, откако цените на нафтата се искачија на повеќе од 119 долари за барел.

Американските претставници веруваат дека групата резерви треба да ослободи помеѓу 300 и 400 милиони барели нафта.

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека се подготвени да преземат „неопходни мерки“ за поддршка на глобалните снабдувања со енергија, вклучително и евентуално ослободување на стратешки резерви.

Координацијата е клучна бидејќи конфликтот може да биде локален по природа, но има глобални последици, рече францускиот министер. 

- Одлуката сè уште не е донесена, нагласи Лескир пред новинарите во Брисел по состанокот.

 - Се согласивме дека, доколку е потребно, ќе ги користиме сите потребни алатки за стабилизирање на пазарот, вклучително и евентуално ослободување на залихи за итни случаи, рече францускиот министер. 

Владите внимателно ја следат ситуацијата и во моментов нема проблеми со снабдувањето во Европа или САД, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано