Бизнис

Александра Панајоту повторно во Скопје: мастер-клас за одржливо лидерство под притисок

На 12 март 2026 година, во малата сала на Македонската филхармонија во Скопје, М6 Едукативен центарорганизира ексклузивен лидерски настан со меѓународно признатата лидерска стратег, TEDx говорник и автор на концептот Endurance Mindset®, Александра Панајоту од Атина, Грција. Таа ќе одржи мастер-клас на тема „The Endurance Mindset® for Resilience, Energy & Courageous Decisions“, наменет за лидери, менаџери и претприемачи кои носат одлуки во услови на висок притисок и сложени околности.

Настанот се организира по силниот интерес и исклучително позитивниот одзив од нејзината претходна посета на Скопје. Овојпат, програмата е проширена и продлабочена, со фокус на практични рамки и алатки кои им помагаат на лидерите да одржат јасност, стабилност и енергија во периоди на континуирана неизвесност и зголемени очекувања.

Во време кога светот се соочува со геополитички промени, економска нестабилност и растечка институционална одговорност, лидерството повеќе не се оценува само според резултатите, туку и според способноста на лидерите да останат смирени, принципиелни и храбри при носење одлуки во комплексни ситуации. Токму оваа перспектива е во сржта на концептот Endurance Mindset®, кој Панајоту го развива и применува во работата со компании и лидери низ Европа и пошироко.

Нејзиниот пристап ги комбинира психологијата, филозофијата и стратегиското лидерство, создавајќи практична рамка за управување со притисокот, енергијата и менталната издржливост. Според Панајоту, на лидерските позиции проблемот најчесто не е знаењето или интелигенцијата, туку способноста да се одржи долгорочна стабилност, фокус и енергија во динамични и непредвидливи средини.

Посебноста на нејзината методологија произлегува и од нејзиното лично искуство во спортовите на издржливост. Александра Панајоту е позната и по своите извонредни физички подвизи – меѓу кои и трчање на ултрамаратон долг 400 километри, искуство кое длабоко влијаело врз нејзиното разбирање на границите на човечката издржливост, дисциплина и ментална сила. Во интервју за медиумите, таа истакнува дека екстремните спортови ја научиле дека лидерството не е спринт, туку маратон, во кој најважни се стратегијата, темпото и способноста да се управува со сопствената енергија.

Покрај спортските предизвици, Панајоту во својата кариера отворено говори и за личните животни предизвици, вклучително и сериозни здравствени состојби со кои се соочила, а кои дополнително ја обликувале нејзината филозофија за лидерство, издржливост и лична трансформација. Овие искуства ѝ овозможуваат на нејзината методологија да биде не само теоретска, туку и длабоко практична и применлива во реалниот живот.

Настанот во Скопје ќе собере повеќе од 300 учесници, меѓу кои извршни директори, менаџери, претприемачи, претставници на институции и млади лидери. Покрај главното предавање, програмата предвидува и специјално гостинско обраќање, како и организиран networking прием, кој ќе овозможи размена на идеи, искуства и создавање нови професионални партнерства.

М6 Едукативен центар, како еден од најзначајните бизнис и лидерски хабови во земјата, континуирано работи на донесување врвни меѓународни експерти и програми во Македонија. Центарот со години соработува со експерти, тренери и предавачи од различни европски земји, меѓу со цел да се поттикне размена на знаење, лидерски практики и професионално искуство меѓу регионот.

Преку ваквите настани, М6 ја продолжува својата мисија да придонесува кон развој на современо лидерство, унапредување на бизнис културата и градење отпорни и одржливи организации кои можат успешно да се справуваат со предизвиците на современиот свет.

Настанот „The Endurance Mindset® for Resilience, Energy & Courageous Decisions“ претставува уникатна можност за професионалците и лидерите во земјата да стекнат нови перспективи, практични алатки и инспирација за носење храбри и одговорни одлуки во сложени времиња.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано