Економија

Русија и Кина ја обновија железничката линија по прекин од шест години

Железничката линија меѓу Русија и Кина беше обновена по шест години, а првиот патнички воз ја премина границата во Забајкалскиот регион.

Гувернерот на Забајкалскиот регион, Александар Осипов, учествуваше на церемонијата во недела, со која беа обновени комуникациите меѓу двете земји, објави регионалната канцеларија на Руската железница.

Возот ќе сообраќа преку целата година, двапати неделно, поаѓајќи од рускиот град Забајкалск и кинескиот град Манџули.

Меѓународниот железнички сообраќај беше суспендиран во февруари 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано