Финансии / Банкарство
БРИТАНСКИ „ИНДЕПЕНДЕНТ“ ПРЕОЃА ОД ХАРТИЈА НА ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ
Еден од најмладите британски дневни весници „ИНДЕПЕНДЕНТ“ (The Independen), поради опаѓањето на тиражот, реши изданието да се јавува само во дигитален формат. Во последниот воведник на весникот пишува дека ќе остане запаметено неговото „смело преминување“ во целосен дигитален формат како „пример кој треба да го следат другите весници во светот“. „Денес се запираат нашите ротациски машини, мастилото е суво и наскоро веќе нема да има истуткана хартија. Но, додека едно поглавје се затвора, друго се отвора и духот ’ИНДЕПЕНДЕНТ‘ ќе продолжи да се шири“, се вели во воведникот на последното печатено издание. Во последните години дневниот тираж на весникот опадна и заклучно со јуни 2015 година изнесувал 58 000 примероци, што е помалку за 85 отсто отколку во 1990 година кога тиражот го достигна врвот. „ИНДЕПЕНДЕНТ“ е основан во октомври 1986 година и е национален дневен весник со најмал тираж во Велика Британија, далеку зад водечките „САН“ (The Sun) и „ДЕЈЛИ МЕИЛ“ (The Daily Mail), „ТАЈМС“ (Times), „ГАРДИЈАН„ (Guardian) или „ДЕЈЛИ ТЕЛЕГРАФ“ (Daily Telegraph).