Финансии / Банкарство

ЕДНОГОДИШНИ СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ (СЕРТИФИКАЦИИ) АКРЕДИТИРАНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА РМ, ШКОЛАТА ЗА КОНТРОЛИНГ ОД ЉУБЉАНА И „РИТЕИЛ БЕНКИНГ АКАДЕМИ“ („RETAIL BANKING ACADEMY®“) ОД ЛОНДОН

Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) - Скопје, на Генералниот состанок на земјите-членки на 25 јуни 2014 година во Хелсинки, Финска, стана членка на Европската банкарска тренинг асоцијација од Брисел. Со добивањето на статус придружна членка во ЕБТН (EBTN (Еuropean banking and financial services training association)), на долг рок, Академијата добива право да биде единствена од Република Македонија и од регионот акредитирана за програмата „Сертификат во банкарството“(ЕФЦБ) („Certificate in Banking“ (EFCB). Ова значи (заклучно со 2017 година) ќе се воспостави стандардизирање на македонските банкарски работници со колегите од ЕУ и од целиот свет каде што ваквата диплома (ЕУ сертификат) ЕФЦБ има важност.
За таа цел, Академијата за банкарство и информатичка технологија, во партнерство со членките од Европската банкарска тренинг асоцијација од Брисел и членките од Меѓународната група за контролинг („International Group of Controlling“ (Австрија)) како што се: „Ритаеил бенкинг академи“ („Retail Banking Academy“) од Лондон, „Ворлд сејвинг енд ритеил бенкинг инститјут“ („World Saving & Retail Banking Institute“) од Брисeл и Школата за контролинг од Љубљана, дизајнираше едногодишни специјалистички обуки во повеќе области од банкарското работење. Имено, овој тип обуки се акредитирани во согласност со процедурите на Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија.
Програми кои започнаа оваа година, поточно во втората половина на месец февруари 2016 година се следниве:
 

Сертифициран менаџер за ризик (ниво 1, 2 и 3) 
(CERTIFIED RISK MANAGER ® (Level 1, 2 и 3))

Програмата ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финансиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик). Секако програмата ќе ги опфати како не помалку важни и останатите ризици (правниот, репутацискиот, стратегискиот и ризикот од профитабилност). Посебно внимание ќе се посвети и на т.н. интегрирано управување со ризиците (ЕРМ (ERM)). 
Програмата ќе стави акцент на тековните и на практичните трендови на управувањето со ризици на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот банкарски сектор.

I уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година
II уписен рок: од 18 до 30 април 2016 година

 

Сертифициран кредитен аналитичар (ниво 1, 2 и 3)
(CERTIFIED CREDIT ANALYST ® (Level 1, 2 и 3)0

Програмата за сертифициран кредитен аналитичар претставува интегриран пристап на спојување на теорија, на практични вештини и на меѓународна пракса во насока на унапредување на компетенциите на учесниците во постапката на изработка на кредитна анализа и интерпретирање на резултатите. Главните теми на програмата се: практиките, постапки и техники во банките поврзани со кредитниот процес; регулативата на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и меѓународната регулатива; управувањето со ризиците и анализа на окружувањето, посебно макроекономското. Најзначајниот фокус е насочен кон финансиската анализа на компаниите поради нејзината клучна улога при донесувањето на одлука за кредит и при мониторирање на клиентот. Првиот модул дава вовед во улогата на кредитниот аналитичар, кредитниот процес и кредитниот ризик. Се овозможува солидно теоретско запознавање со постулатите на анализирање на финансиските извештаи и основните техники, што претставува база за продолжување со вториот модул. Основна анализа на квалитативните-меки критериуми и обезбедувањето како секундарен извор на отплата на пласманите. На крајот на првиот модул учесникот треба да знае самостојно да направи кредитна анализа. Вториот модул има концепт на овозможување на рамка за систематска и за севкупна анализа на кредитоспособноста на клиентот со одгоре надолу (top-down) анализа на економскиот систем. Се започнува од макроекономија, економски политики, ризик на земја, па се оди кон анализа на дејноста, на конкурентноста, на компанијата и на крај на менаџментот. Преку примерите за пооделни дејности учесникот добива продлабочено знаење од финансиските извештаи и нивна практична примена. Учесникот треба да ги совлада техниките на структурирање кредит. На крајот од вториот модул учесникот треба да знае самостојно да направи посложена и сеопфатна кредитна анализа и да структурира кредит. Третиот модул има цел да му овозможи на учесникот стекнување специфични вештини за проценка на инвестиција, проект и за решавање на проблематични изложености. При донесување одлуки за кредитирање, учесникот треба да ја има предвид и резервацијата, односно трошокот за банката. Во овој дел учесникот се запознава со користење на резултатите од кредитната анализа за креирање интерен систем на рангирање, кој е истовремено и помошна алатка за пресметка на резервациите. На крајот од третиот модул учесникот треба да знае да реши комплексен проблем при анализирање клиент; да ги совлада специфичните техники на долгорочното и на проектното финансирање и да го одбрани предметот пред кредитното тело.

I уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година
II уписен рок: од 18 до 30 април 2016 година

 

Сертифициран сметководствен специјалист (ниво 1, 2 и 3)
(CERTIFIED ACCOUNTING SPECIALIST® (Level 1, 2 и 3))

Програмата ги опфаќа најрелевантните теми од областите на сметководственото практично работење и даночното законодавство. Имено, програмата ќе се одвива врз база на серија практични предавања, задачи од праксата во сметководствените компании/банки кај нас, како и учество на слушателите во практична работа (во лабораторија за сметководство) со помош на софтвер за сметководствено работење врз реални компании и банки од РМ. Понатаму, ќе се направи проценка на здобиеното знаење на студентите преку анализа на финансиски извештаи и пресметка на аналитички коефициенти (Ratio analysis) во конкретна компанија/банка земена од праксата. Во контекст на тоа слушателот ќе ги демонстрира стекнатите вештини и разбирањето за: менаџерско, банкарско, буџетско и бизнис сметководство базирано на МСС. Програмата ќе стави акцент на тековните и на практичните трендови на сметководственото работење и даночното законодавство на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот стопански и банкарски сектор.

I уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година
II уписен рок: од 18 до 30 април 2016 година

 

Сертифициран специјалист за усогласеност (ниво 1, 2 и 3)
(CERTIFIED COMPLIANCE SPECIALIST® (Level 1, 2 и 3))

Програмата се планира да се одвива врз база на серија предавања од областа на Усогласеноста (Compliance) со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на студирањето ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул преку тестови и изработка на проекти – т.н. Студии на случај (Case studies) од страна на слушателите. Курсот ќе обезбеди определување на терминот усогласеност(„Compliance“) и службеник за усогласеност („Compliance Officer“), идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот ГАП (GAP) меѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци со цел усогласување со барањата на домашната и на странската регулатива. Целна група: вработени во банките и финансиските институции, како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново), вработени во одделите за усогласување, директори/раководители на сектори/филијали, членови на повисок менаџмент.

I уписен рок: од 19 до 31 јануари 2016 година
II уписен рок: од 18 до 30 април 2016 година

 

Едногодишни сертификациски програми кои започнуваат во септември 2016 година се следниве:
- ACI Dealing Certificate (АЦИ Дилинг сертификација);
- (CBM) Сертифициран менаџер на филијала;
- (CCМ) Сертифициран контролинг (controlling) менаџер (раководена од Школата за контролинг во Љубљана, со
20-годишно искуство).

Можности за кредитирање до 72 рати, за слушатели кои сами плаќаат за обуката!
Потрошувачките кредити се најкористен начин за купување на рати кога клиентите немаат кредитна картичка. Со овој начин може да се плати која било обука во АБИТ. Основен услов за потрошувачки кредит од која било банка е да сте вработен и да земате редовен личен доход. Можете да аплицирате за кредит преку банките-членки на АБИТ.

Повеќе информации на: www.abit.edu.mk
academic@abit.edu.mk | info@abit.edu.mk | Контакт-телефони: 02 3 125 500 078 454 905; 072 255 057

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано