Финансии / Банкарство

ПОТРОШУВАЧКИТЕ И СТАНБЕНИ КРЕДИТИ НА ТТК БАНКА ВО ПРОДОЛЖЕН ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ДО 31.5.2016 ГОДИНА

 

 


ТТК Банка
 ја продолжува промотивнатапонуда на кредитни производи за физички лица со ниски каматни стапки и поволни кредитни услови.

СУПЕР станбениот кредит со НАЈНИСКА годишнаФИКСНА каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со само 10% сопствено учество, Банката гонуди БЕЗ ТРОШОЦИ за процена и обработка на барање за кредит и со намалена провизија за одобрување до 31.5.2016 година.

Корисниците имаат можност да аплицираат БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивниот период до 31.5.2016 година и за ненаменскиот потрошувачки кредит ПРЕМИУМ Смарт, со ФИКСНА каматна стапка од 6,1% во првата година, односно 8,30% годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со рок на отплата до 8 години, за износи до 900.000 денари, без жиранти, во зависност од месечните примања.

Дополнително, ПРЕМИУМ Смарт ненаменскиот потрошувачки кредит во денари со девизна клаузула Банката го нуди со ФИКСНА каматна стапка од само 5,9% во првата година, односно 7,5% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра, со рок на отплата до 10 години.

Атрактивниот кредитен производ на ТТК Банка, МОЈ кредит - ненаменски потрошувачки кредит во денари, корисниците имаат можност да го добијат со ФИКСНА каматна стапка од 0,5% до 2,9% годишно, со рок на отплата до 3 години за износи до 100.000 денари, без жиранти, со определен надоместок за одобрување и без трошоци за обработка на барање и администрирање.

Повеќе информации за кредитните и другите производи и услуги на ТТК Банка може да се најдат на интернет-страницатаwww.ttk.com.mk.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано