Финансии / Банкарство

ФЕД ЈА ОСТАВИ РЕФЕРЕНТНАТА КАМАТНА СТАПКА НЕПРОМЕНЕТА

 

 



На својот вчерашен состанок Комитетот на ФЕД (американската централна банка) за операции на отворен пазар ја остави својата сигнализирачка каматна стапка непроменета, во досегашниот распон од 0,25 до 0,5%. ФЕД оценува дека инфлацијата во САД и понатаму е под нивото што се смета за долгорочна цел, делумно заради падот на цената на енергијата и на цените на увозот што не е поврзан со енергијата. Понатаму, ФЕД цени дека состојбите на американскиот пазар на работна сила дополнително се подобриле и покрај тоа што изгледа дека економската активност во САД забавила. Во вакви околности, ФЕД очекува дека доколку во иднина има потреба од зголемувања на сигнализирачката каматна стапка, таквите зголемувања би биле постепени.

Исходот од вчерашната седница на ФЕД ја потврдува тезата дека во текот на годинава нема да има интензивно покачување на сигнализирачката каматна стапка како што дел од аналитичарите мислеа на крајот од минатата година. Во моментот преовладува внимателност и воздржаност.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано