Финансии / Банкарство

ВИНАТА НА ТИКВЕШ СО ОЦЕНКИ МНОГУ ДОБРИ И ИЗВОНРЕДНИ

Во најновото издание на специјализираното списание „Вајн адвокат“ (Wine advocate), најпознатиот светски вински критичар и една од највлијателните личности во светот на виното воопшто, Роберт Паркер, објави оценки за црвените вина „Бела вода“ и „Барово“ од бербата во 2013 година, како и за белите верзии на овие вина од бербата во 2014 година. За првпат се оценети и вината од ексклузивниот бренд „Домен Лепово“, и тоа: „Домен Лепово Гранд Куве„ од бербата во 2013 година, „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата во 2013 година и „Домен Лепово Шардоне“ од бербата во 2014 година. Тимот на Паркер и овојпат ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“. Тимот на Паркер, всушност, уште еднаш го потврди своето високо мислење за вината на „Тиквеш“, кое почна да се гради пред пет години со високата оценка за црвеното вино „Бела вода“ од бербата во 2010 година, кое беше првото вино на „Тиквеш“ и воопшто првото вино од поширокиот регион кое доби 94 поени. Првата оценка на Роберт Паркер за вино произведено во ВВ „Тиквеш“ во 2011 година придонесе за зголемување на извозот на пазарот во САД, како и на други значајни, висококонкурентни извозни пазари.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано