Финансии / Банкарство

МЕМОРАНДУМ ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

Меѓународната конференција, организирана од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија, посветена на политиката на заштита на конкуренцијата, на која присуствуваа и претставници од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија, беше искористена за двете комисии да потпишат Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка во областа на заштитата на конкуренцијата. Меморандумот го потпишаа челниците на двете комисии  Благој Чурлинов и  Милоје Обрадиќ. Со овој документ двете комисии сакаат да обезбедат услови за унапредување на досегашната успешна соработка на полето на спроведување на политиката на заштита на конкуренцијата, како и развој на билатералните односи со обезбедување услови за ефикасно дејствување на пазарот на стоки и услуги. Македонското и српско тело за заштита на конкуренцијата на овој начин ќе бидат уште поблиску до европските стандарди на полето на правото и политиката на заштитата на конкуренцијата, кои претставуваат важен сегмент на преговарачкиот процес за пристапување и за полноправно членство во Европската Унија на двете држави. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано