Финансии / Банкарство

КИНЕСКИ ХЕСТИЛ ЈА КУПИ СРПСКАТА ЖЕЛЕЗАРА СМЕДЕРЕВО

Договорот за продажба го потпишаа српскиот министер за економија Жељко Сертиќ и претседателот на „Хестил“ Ју Јонг. На потпишувањето на договорот присуствувале и српскиот премиер Александар Вучиќ, претставници од дипломатскиот кор и многу угледни личности од јавниот сектор на Србија. „Хестил“ единствен дал понуда за купување на имотот на „Железара“ по цена од 46 милиони евра. Идниот сопственик во „Железара“ планира во таа фабрика да инвестира 300 милиони евра, да достигне максимално производство од 2,1 милион тони и да ги задржи сите 5 050 работници. „Хестил“ е најголем произведувач на челик во Кина кој има годишен производствен капацитет од 50 милиони тони и вработува во светот повеќе од 120 000 работници. Групата поседува 37 високи печки меѓу кои 23 високи печки имаат капацитет преку    1 000 метри кубни и во 2015 година произвела 47,8 милиони тони челик. Владата на Србија по продажбата на „Железара“ ќе мора на Европската комисија да ѝ доставува докази дека од Србија не се извезува челик од Кина. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано