Финансии / Банкарство
8 ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА УСПЕШНИ МЕНАЏЕРИ
Огнен Огненоски
Авторот е ко-сопственик и директор за продажба на „Таргет Груп“ ДОО Скопје
Што е бонитет на компанија?
1. Бонитет - Што претставува бонитетниот извештај?
Бонитетот е кредитната способност на компаниите, проценка како работат и како одговараат на своите обврски.
2. Кои информации ги содржи бонитетот?
Бонитетот ги содржи сите клучни информации кои ќе ви помогнат да донесете правилна деловна одлука. Бонитетот содржи повеќе информации, меѓу кои:
-Тековни информации за компанијата (регистарски податоци, организациска структура, сопственици, управители и сл.), регистрирани подружници,
-Историјат на промени за последните две години, односно увид во сите промени кои ги направила компанијата во последните 12 месеци. Овие промени се однесуваат на промените на називи, на адреси, на дејност, на сопственичка и на управувачка структура и слично.
-Солвентност, односно информација дали компанијата има активна постапка на стечај, na ликвидација или има казна/санкција, односно забрана за вршење дејност,
-Поврзани лица, со што имате увид во сите директни и индиректни поврзани лица. Ќе дознаете во кои компании имаат удел, но и поврзаноста, функцијата на сопствениците и управителите во други компании во државата,
-Финансии, увид во билансите (биланс на состојба и на успех) за последните две фискални години,
-Финансиска проценка, пресметка на сите индикатори за ливидност, за ефикасност, за задолженост, за профитабилност и за обрт,
-Мислење за состојбата на компанијата.
3. Колку често и кога се прави проверка на бонитетот?
Проверката на бонитетот се прави еднаш годишно, обично во месец април или мај, но секако оваа услуга е достапна во текот на целата година. Во месец април стануваат достапни сите финансиски податоци за компаниите за последната година, односно билансите за 2015 година. Од април, со проверка на бонитетот ќе погледнете колку успешно ја завршиле годината вашите партнери или конкуренти. Наша препорака пред започнување на каква било соработка со компанија од државава или од странство е да направите проверка на нивниот бонитет. Бонитетот ќе ви даде одговор на многу клучни прашања кои ќе ви помогнат да донесете правилна деловна одлука.
4. Зошто е важна проверката на бонитетот на деловните партнери?
Бонитетот е извештај кој ќе ви даде одговор на сите прашања, без разлика дали станува за ваш деловен партнер или за конкурент на пазарот. Бонитетниот извештај е крвна слика на работењето на компанијата преку која дознавате колкав е ризикот за започнување соработка со нови клиенти, односно како работи конкуренцијата.
5. Како да го проверите бонитетот на компаниите?
Таргет груп е компанија која нуди бонитетни извештаи за сите македонски компании, но и компании за повеќе од 120 држави во светот. За да нарачате бонитет, потребно е да го знаете точниот назив на компанијата и ЕМБС (матичен број на субјектот). Нарачката на бонитетите се врши он-лајн за претплатени корисници или по пат на е-пошта за непретплатени корисници.
6. Колку чини проверка на бонитет?
Според ценовникот на Таргет груп, цената на бонитетот зависи од држава до држава. Проверка на бонитет за компанија од Македонија изнесува 1 416 денари со вклучен ДДВ за претплатени корисници. Цената за бонитет за компании од странство варира во зависност од државата, односно од 40 евра за европски компании до 100/150 евра за компании од Азија, од Африка и останати.
7. Како се нарачува бонитет за компании од странство?
Бонитетните извештаи за компании од странство се достапни на платформата Бонитет.мк или во комуникација со агентите за продажба на бонитетни извештаи во нашата компанија. Таргет груп е генерален застапник за Бисноде од Словенија, кои се Шведска групација, најголема во Европа за деловни информации. Преку ова застапништво, сите извозно ориентирани компании имат единствена можност за проверка на купувачите од странство со преглед на нивниот бонитет.
8. За колку време се доставува бонитетот?
Бонитетите за копаниите од Македонија се достапни веднаш, он-лајн, доколку сте корисници на платформата БизнисМрежа.мк. Бонитетите за странски компании, без разлика на континент или на држава се достапни он-лајн, односно најдоцна до три работни дена во зависност од државата. Обично сите бонитетни извештаи за европски компании се достапни он-лајн.