Раст на премијата на пазарите надвор од Словенија
Групацијата Триглав обезбедиконсолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување во износ од 259 милиони евра (1%помалкуспоредено со истиот период минатата година, при што минатогодишните податоци дополнително вклучуваа податоци и за чешката компанија). Во Словенија, бруто полисираната премија на матичното друштво,споредена со истиот период минатата година е пониска за 1% (172,5 милиони евра), премијата на ТриглавЗдравствена заваровалница е повисока за 2%, а премијатанаСкупна покојнинскадружбае повисока за 9%. Во другите пет држави од регионот Адрија, кадешто работиГрупацијата, сите зависни друштва (со исклучок на Бања Лука) бележат раст на премијата во споредба со истиот период минатата година. Највисокраст од 17% беше постигнат на српскиот пазар, во Хрватска премијата се зголеми за 13%, додека пак на македонскиот пазар бруто полисираната премија остана приближно на истото ниво,споредено со минатата година. Во Црна Гора растот на премија изнесуваше 6%, додека пак на пазарот во Босна и Херцеговина сараевското друштво оствари раст од 7%, а друштвото во Бања Лука имаше 4% пониска премија.
Поволни штетни настани
Групацијата Триглав оваа година имаше 1% помалку бруто исплатени штети, споредено со првиот квартал минатата година (147,3 милиони евра), додека пак матичната куќа забележа намалување од2% (95,7 милиони евра). Во првиот квартал од 2016 година немаше поголеми штетни настани.
Очекувано низок финансиски приносод инвестициите
На деловните резултати на Групацијата значајно вилијание имааприносите од финансиските инвестиции, кои беа 74% пониски од минатата година (во матичното друштво 50% пониски). Тоа пред сé се должи на пониските нето каматни приходи, пониските нето ефекти од ревалоризација и пониската нето добивка од продажбата на финансиски средства. Со доследно спроведување на мерките зацртани во деловната политика, групацијата Триглав првиот квартал го затвори со добивка по оданочувањево висина од 23 милиони евра и добивкапред оданочување во висина од 28 милиони евра. Понискиот деловен резултат на Групацијата, споредено со истиот период во2015 година се должи пред сéна ниските приноси од инвестициите, што е во согласнот со очекувањата на компанијата.
Резултатите одраз на условите на пазарот
Групацијата Триглав и понатаму ја одржува високата финансиска стабилност, на што укажува 4% повисоката вкупна вредност на капиталот (вредност 735 милиони евра), како и растот од 1%на бруто техничките резервации (вредност 2.632 милиони евра).
Претседателот на управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапаризјави: »Во првите три месеци од 2016 година групацијата Трилав, и покрај големите предизвици и високо конкурентната состојба којашто владее на нашите осигурителни пазари, работеше добро во основната осигурителна дејност, на што укажува и нашиот подобрен комбиниран количник. Што се однесува на финансиските вложувања, ние, како и целиот осигурителен сектор, работиме во услови на историски ниски каматни стапки, кои што ги намалуваат финансиските приноси од инвестициите. Ваквата ситуација е очекувана и врз основа на разулататите во првиот квартал од оваа година цениме дека реализираната годишна добивка пред оданочување на Групацијата ќе биде во рамките на планот.«
Групацијата Триглав на Македонскиот пазар
Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2016 годинапосветено работеше на остварување на резултатите од зацртаната стратегија. Бруто полисираната премија во дадениот период беше 0,4% повисока,споредено со резултатите од истиот период во 2015 година (5,2 милиони евра). Особено добри резултати компанијата оствари во доменот на автомобилските осигурувања, каде што бешепостигнат раст на бруто полисираната премија во износ од 18%, споредено со првиот квартал од минатата година, а компанијата постигна одлични резултати и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување. Лидерската позиција на компанијата ја потврди растот во уделот на пазарот на неживотно осигурување од 2,9%.
Фокус на компанијата во првиот квартал од 2016 година беше воведувањето на нови и иновативни производи и услуги на пазарот. Во дадениот период Триглав ја воведе услугата автомобилска асистенција, која што на клиентите на Триглав им овозможува помош во Македонија и во Европа. Главниот извршен директор на компанијата, г-динот Ѓорѓе Војновиќ, во оваа пригода изјави: »Триглав ја потврди својата иновативност и посветеност на развој на пазарот, како единствена осигурителна компанија која што нуди автомобилска асистенција. Оваа услуга овозможува поддршка на нашите клиенти кога тоа им е најпотребно, што е суштината на Триглав - да создаваме вредности, кои што на нашите клиенти навистина им значат.«
Овој квартал компанијата продолжи да работи и на развојот на стратешки важното доброволно приватно здравствено осигурување, воведувајќи на пазарот нов производ - осигурување на операции, кое што е комплементарно со постоечкото осигурување на специјалистичко – амбулантно лекување. Доброволното приватно здравствено осигурување е прв чекор во обезбедување на подобра грижа за себе и за своите најблиски, смета г-дин Војновиќ, и тоа е една од главните причини што Триглав развива нови можности за квалитетна заштита на здравјето, во согласност со потребите и можностите на клиентите. Врвниот квалитет на услугитена Триглав уште еднаш беше потврден од страна на јавноста, која во март годинава, втор пат по ред ѝ додели на компанијата Qudal медал за најдобар квалитет.
Триглав Осигурување Скопје