Финансии / Банкарство
ŠKODA ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПРВ РАТРАК
Новиот модел на чешкиот бренд, Snowman, е спектакуларен производ за алпски терени со извонредни офроуд квалитети, моќен хибриден погон, иновативни системи за помош и бројни „паметни“ решенија.
Најпознатиот чешки автомобилски бренд ŠKODA влегува во нов сегмент на автомобилскиот пазар – во декември ќе го промовира својот прв ратрак. Лансирањето на новото возило на ŠKODA, наречено Snowman, е основен дел од развојната стратегија на компанијата до 2025 година и означува храбар чекор напред кон нови деловни потфати. Според најавите на раководството на компанијата, ова возило прво ќе биде претставено во Австрија, Швајцарија, Лихтенштајн и останатите значајни европски пазари на крајот од годинава.
Ратракот на ŠKODA е возило со извонредни офроуд квалитети и иновативен оперативен концепт. На модерниот и емотивниот дизајн карактеристичен за возилата на ŠKODA, кај овој модел се надоврзуваат и моќен хибриден погон, иновативни системи за помош и бројни „паметни“ карактеристики.
Во јавноста веќе подолго време кружат шпекулации кои се однесуваат на името Snowman за новиот СУВ модел на ŠKODA. Компанијата сега ја открива тајната – ŠKODA Snowman е спектакуларен, сосема нов производ за алпски терени со извонредни офроуд квалитети, особено за зима.
Со овој модел, ŠKODA ја проширува функционалноста и теренските можности на СУВ-концептот. Како дополнување, ŠKODA Snowman е опремен со технологија која отвора целосно нови можности. За алпските региони, каде што заштитата на природата е од примарно значење, хибридниот погон е неверојатно корисен. Во исто време, тешките услови за работа со ова возило се олеснети, благодарение на иновативниот оперативен концепт.
Ратракот на ŠKODA е долг 9,13 метри (заедно со делот за чистење снег) и широк 2,5 метри без делот за чистење на снегот. Доколку се додаде и овој дел, вкупната ширина на возилото е 5,26 метри. Snowman носи моќни квалитети на снежните патеки со неговиот експресивен дизајн, кој е естетски и функционален во исто време. Острите линии на кабината го нагласуваат одличниот дизајн, при штомногу од надворешните делови потсетуваат на традиционалната чешка уметност со кристално стакло. Кристалните елементи се карактеристични и за логото на брендот, за вертикалните делови на предната решетка, како и за четирите предни светла.
ŠKODA Snowman е првиот модел на компанијата со хибриден погон, со моќност од 400 коњски сили. Возењето по надолнини предизвикува високоефективниот погон да произведува енергија со која се „храни“ литиум-јонската батерија, по што енергијата се пренесува на двете „гасеници“. Ова возило развива максимална брзина од 20 километри на час, може да се искачува на нагорнини до 100 проценти, како и да се врти околу својата оска. Просечната потрочувачка е 14 литри гориво на час.
ŠKODA развива и нов пристап кој се однесува на оперативниот концепт. Управувачот е во облик на контролна дршка, која што возачот ја користи за да ги контролира сите функции. Концептот на поврзување исто така користи висока технологија, со што ŠKODA Snowman е безжично поврзан преку планинските станици.
Големата стаклена кабина нуди простор за тројца, при што седиштето за возачот има грејач. „Едноставно паметните решенија карактеристични за ŠKODA вклучуваат држач за лопата за снег, грејач и држач за термос, чаши и мултифункционална кутија за сместување на чизми и друга опрема за снег. Како дополнителна опрема е достапен простор за складирање со контрола на температурата, наменет за чување на очила за магла, како и за сушење на капи и ракавици.
Во изминатите 25 години откако чешкиот бренд стана дел од групацијата Volkswagen, ŠKODA постојано ја проширува својата палета. Со ратракот, ŠKODA сега влегува во сосема нов сегмент. Се разбира, високите вредности на ŠKODA, како што се натпросечната пространост, функционалноста и одличната вредност за цената, се клучни за овој развој.