Финансии / Банкарство
ПОГЛЕДИТЕ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ НИЗ БРОЈКИ
24.05.2016
Што покажува најновото истражување на Советот на странски инвеститори во Македонија? Направено е во периодот март-април 2016 година и вклучува 118 компании членки на овој Совет.
•Оценка за 2015 година на економски план: 68% од фирмите ја оцениле како задоволителна
•Какви се очекувањата за наредниот период?
o 72% велат нема да има промени
o 20% очекуваат подобрување
o 8% очекуваат влошување
•Очекувањата за деловната состојба за наредниот период за секторот во кој фирмите работат?
o 56% очекуваат да се подобри деловната состојба
o 40% сметаат дека ќе остане иста
o 4% очекуваат влошување
•Дали повторно би ја избрале Македонија за да инвестираат во неа?
o 84% повторно би ја избрале Македонија
•Дали пристапувањето на Македонија кон ЕУ значително ќе го унапреди нивното работење?
o 84% одговараат позитивно
•Дали честото и брзо носење на закони без консултација со бизнис-заедницата негативно се одразува на водењето бизнис и долгорочното планирање?
o 68% велат да
•Добро оценети фактори за инвестирање и водење бизнис во Македонија:
o продуктивноста на вработените и нивните квалификации
o квалитетот и достапноста на локалните добавувачи
o даночниот систем и даночните оптоварувања
o работата на Агенцијата за катастар на недвижности
o Царинската управа
o напорите на Владата за привлекување странски инвестиции
•Странските инвеститори најмногу се жалат на:
o недостиг на правна сигурност
o недостиг на политичка и социјална стабилност
o недоволната борба против корупцијата и криминалот
Редакција на „Економија и бизнис“