Финансии / Банкарство

ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ - СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ВВ ТИКВЕШ

Јас сум човек кој живее од предизвици. Тие се мојот адреналин. Колку е поголем предизвикот, толку се поголеми мојата енергија и упорност. Оттаму ми претставува тешкотија да изберам еден единствен предизвик кој би го сметал за најголем. Оние кои се постојано околу мене и кои ми даваат голема поддршка, а тоа пред сѐ е моето семејство, но и моите соработници, партнери и пријатели, можеби како најголем предизвик го сметаат заминувањето од „Пивара Скопје“ и почетоците на вложувањата во „Тиквеш“. Треба да верувате во себе и во своите амбиции. Тоа е основата за што било во животот. Без нив не можете да купите автомобил, а не пак да почнете нов бизнис или пак да преземете ризик со некакво вложување кое можеби на долг рок ќе ви се исплати.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано