Финансии / Банкарство
ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО - Воутер Пломп, Амбасадор на Кралството на Холандија во Република Македонија
од интерјуто за Економија и бизнис, февруари 2016
Се смета дека Холанѓаните се многу иновативни, според Глобалниот индекс на иновациите се наоѓаме на петтото место во светот. Ова најверојатно е резултат од нашата историска борба со морето – било неопходно да бидеме иновативни и креативни со цел да ја сочуваме нашата земја сува. Од друга страна, тука е и претприемачкиот дух на Холанѓаните – речиси 12% од холандските вработени луѓе се самовработени. Според Глобалниот претприемачки монитор, претприемништвото е одговорно за две третини од иновациите и оттука еден од главните чекори во промовирање и стимулирање на иновациите е подобрување на претприемачката клима, што е и централна тема на холандската економска политика.