Финансии / Банкарство
ЗА ГРАДЕЖНИШТВОТО - Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Генерален директор на Адора инженеринг
од интерјуто за Економија и бизнис, март 2016
Градежништвото дава голем импулс во целокупната македонска економија, не само во инфраструктурата и во изградбата на патните коридори туку голем удел во тоа има и останатиот дел од градежниот сектор како што е високата градба. Поаѓајќи од 14-годишното искуство во раководење со градежната компанија „Адора инженеринг“, сметам дека последниве години постои поволна бизнис клима во градежниот сектор-високоградбата во Македонија, што се должи на стабилната монетарна економија, стабилниот банкарски сектор со сѐ уште поволните камати на кредити подигнати за изградба на објекти, реформите во Катастарот и Централниот регистар, проектот „Купи куќа, купи стан“ итн.